Јокиќ се врати во Денвер, почнуваат подготовките за новата сезона во НБА

Најкорисниот НБА играч минатата сезона, Никола Јокиќ, ги започна подготовките за новата сезона. Српскиот кошаркар летниот одмор го искористи во родната земја, а сега, на радост на вработените во неговиот клуб, се врати во Денвер.

„Погодете кој се врати“, вака беше напишано на две фотографии од Нагетс, на кои се гледа како НБА центарот вежба во салата. Јокиќ минатата сезона беше прогласен за МВП со просек од 26 поени, 10,8 скокови и 8,3 асистенции.

 

 

 

 

Се вчитува...