Јокиќ си играше со трипл-дабл во победата над Портланд (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со 12 поени, 11 скока и 8 асистенции беше еден од предводниците на Денвер во победата над Портланд од 126-95. Пол Милсап беше првото име во составот од Колорадо со 18 поени и 5 скока, додека во противничкиот состав Енес Кантер натпреварот го заврши со 14 поени и 5 скока, додека босанскиот репрезентативец Јусуф Нуркиќ додаде 7 поени и 8 скока.

Победа забележа и Лејкерс кој славеше на гостински терен против Феникс со 107-112. На паркетот настапи и дуото Џејмс-Дејвис кои постигнаа 11, односно 10 поени, а во лимитираната минутажа како предводник се наметна Кајл Кузма кој постигна 23 поени и 3 скока. Деандре Ајтон го предводеше Феникс со 21 поен.

Победа забележа и тимот на Њујорк кој славеше на домашен терен против Кливленд со 100-93, како и Чикаго кој славеше над Оклахома со 103-124.

Се вчитува...