Јокиќ си поигруваше со Нуркиќ, Денвер со тројка во последната секунда до голема победа

Денвер во суперинтересен дуел успеа да слави на гостувањето против Портланд со 120-121, меч што го одбележа екс-ју пресметката меѓу Никола Јокиќ и Јусуф Нуркиќ. Српскиот центар беше далеку поуспешен, на моменти со леснотија си поигруваше со асот од БиХ, но улогата на херој на крајот му припадна на Џамал Мареј, кој погоди тројка со звукот на сирената и му ја донесе победата на Денвер.

Јокиќ беше главна фигура кога станува збор за поените, реализирајќи 33 поени, со 10 скокови и 9 асистенции, а добра помош имаше од Мареј со 21 и Гордон со 20 поени. Лилард беше најефикасен на натпреварот со 40 постигнати поени, но и тоа беше недоволно за Портланд да избегне пораз на овој натпревар.

Мајами во голема битка успеа да слави над ЛА Клиперс со 115-110, благодарение на одличната последна четвртина што домаќините ја добија со 31-23, успевајќи во клучните моменти да го свртат резултатот во своја полза. Адебајо беше импресивен со 31 поен и 10 скокови за „жешките“, Батлер реализираше 26, додека прв стрелец на клиперси беше Пол Џоџ, кој го заврши натпреварот со 29 поени, осум скока и седум асистенции.

Резултати НБА:

Мајами – ЛА Клиперс 115-110, Сан Антонио – Хјустон 118-109, Портланд – Денвер 120-121.

Се вчитува...