Јокиќ „скромен“ во победата над Клиперс, Бруклин „гази“ и без Харден (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и Денвер стигнаа до 30. победа во сезоната откако на гостински терен славеа над Клиперс со 94-101. Српскиот интернационалец не беше во претпознатливото светло, но повторно забележа „ол-ароунд“ натпревар со 14 поени, 7 скока и 7 асистенции. Тимот од Колорадо го предводеше Џамал Мари со 23 поени и 8 скока, додека кај домаќините дабл-дабл од 24 поени и 12 скока забележа Каваи Ленард.

Бруклин ја продолжи победничката низа откако славеше над Шарлот со 111-89. Предводник на „црно-белите“ со 21 поен и 8 скока беше Џеф Грин, а Кајри Ирвинг натпреварот го заврши со 15 поени, 11 скока и 8 асистенции. Грам со 13 поени и 5 скока беше првото име кај гостите.

Мајами забележа победа од 116-109 над Голден Стејт. Џими Батлер со 22 поени, 8 асистнеции и 6 скока беше предводник на домашниот тим, додека Данкан Робертсон додаде 21 поен. На гостите не им помогна ниту расположениот Стеф Кари кој оствари дабл-дабл учинок од 36 поени и 11 скока.

Во останатите натпревари Филаделфија славеше над Кливленд со 94-114, Детроит забележа убедлива победа од 120-91 над Вашингтон, Орландо по продолженија го совлада Њу Орлеанс со 110-115, додека „маратонскиот“ натпревар во Сан Антонио и припадна на Атланта која славеше со 129-134 по две продолженија.

Се вчитува...