Јокиќ со нов трипл-дабл, но и поени за победа против Орландо (ВИДЕО)

Српскиот интернационалец Никола Јокиќ одигра нова блескава партија во НБА лигата во која со трипл-дабл проследен од 17 поени, 14 асистенции и 10 скока го предводеше Денвер до победа од 119-116 против Орландо.

Покрај тоа центарот ја донесе и победата за својот тим откако ладнокрвно реализираше за три поени со звукот на сирената.

На врвот на својата задача беше и Црногорецот Никола Вучевиќ кој со 43 поени и 13 скока го предводеше Чикаго до победа од 132-118 против Голден Стејт. Томпсон беше прво име кај поразените со 26 поени, 4 скока и 4 асистенции.

Џоел Ембид и Леброн Џејмс постигнаа по 35 поени во мечот помеѓу Лос Анџелс Лејкерс и Филаделфија кој заврши со минимална победа на гостите од 112-113.

Останати натпревари:

Детроит – Њујорк 104-117
Клиперс – Хјустон 121-100
Бруклин – Оклахома 102-112
Сан Антонио – Сакраменто 119-132
Портланд – Далас 140-123

Се вчитува...