Јокиќ собори нов рекорд во поразот на Денвер, трипл-дабл за Венбанјама (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа десет натпревари. Актуелниот шампион Денвер нагетс изенанадувачки загуби на гостувањето во Солт Лејк сити кај Јута џез со 124-111.

Никола Јокиќ повторно имаше одлична партија во дресот на поразените, завршувајќи го мечот со 27 поени, 11 скока и шест асистенции. Со овој учинок тој стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 13.000 поени, 6.000 скока и 4.000 асистенции. Кај победникот најефикасен беше Џордан Кларксон со 27 поени.

Сан Антониот спурс ја продолжи очајната сезона на Детроит пистонс совладувајќи го со 108-130. Виктор Вембанјама мечот го заврши со 16 поени, 12 скока и 10 асистенции со што стигна до својот прв трипл-дабл учинок во НБА лигата. Кај поразените Џејлен Дурен постигна 21 поен.

Во останатите мечеви од синоќешната понунда: Индијана – Вашингтон 112-104, Шарлот – Сакраменто 98-123, Бостон – Минесота 127-120, Мајами – Оклахома 120-128, Атланта – Филаделфија 139-132, Чикаго – Хјустон 124-119, Голден Стејт – Њу Орлеанс 105-141 и ЛА Клиперс – Торонто 126-120.

Се вчитува...