„Јокиќ треба повторно да биде МВП“

Никола Јокиќ продолжува со неверојатните настапи во НБА лигата. Србинот фантастичната форма ја пренесе и во новата сезона, а по доминацијата против Бостон со 30 поени, 12 скока и 12 асистенции стигна до деветтиот трипл-дабл учинок во сезоната.

Српскиот интернационалец бележи просек од 25.5 поени, 10.9 скока и 9.5 асистенции со што повторно е лидер за МВП признанието, а неговиот тренер Мајк Малоун верува дека треба и трета година во низа да ја освои престижната награда.

„Доколку на луѓето мислат дека Никола не треба да биде МВП бидејќи ја освои оваа награда и во претходните две сезони, тоа е лошо размислување. Сите се привикнуваме на тоа тој што го прави, но јас си ветив дека големината на Никола никогаш нема да ја земам здраво за готово. Тој е неверојатен кошаркар, игра на вистински начин и ги прави сите околку себе подобри. Чест ми е да тренирам таков играч“, вели Малоун.

Се вчитува...