Јокиќ уништен поради масакрот во Колорадо – „Ненормално е некој да може такво нешто да направи“ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра уште еден неверојатен натпревар во НБА лигата и со својот 12. трип-дабл сезонава го водеше Денвер до триумф над Орландо. По мечот Јокиќ и покрај победата беше емотивно погоден поради нападот во супермаркет во Колорадо, каде животот го загуби и неговиот 23-годишен сограѓанин, Србинот Невен Станишиќ.

„Такви работи се случуваат во светот и не може да не те погодат. Моите мисли се со семејствата на починатите, мислам дека еден дечко беше и Србин. Тоа е нешто што никој не сака да прифати. Никој не сака такви работи да се случуваат… Тоа е ненормално, ненормално е да некој може нешто такво да направи“, изјави Јокиќ. 

Се вчитува...