Јокиќ влезе во дуел со сопственикот на Феникс, му се заканува суспензија (ВИДЕО)

Зад Никола Јокиќ е уште една неверојатна партија во НБА лигата во која оствари „дабл-дабл“ проследен со 53 поени и 11 асистенции со кои стана првиот центар во историјата на првенството во ваков учинок во разигрувањето за титула. Но, Србинот се најде во центарот на вниманието и со еден непосакуван потег откако влезе во дуел со сопствениот на Феникс, Мет Ишби.

Имено, при крајот на втората четвртина кошаркарот на Феникс, Џош Окоги се најде меѓу публиката во обид да спаси загубена топка, а во обид да ја земе топката и да ја искористи предноста на паркетот Србинот влезе во конфликт со Ишби. Сопственикот на Феникс не ја даваше топката, прв го удри Јокиќ, а овој возврати со туркање за кое доби техничка грешка.

Раководството на НБА лигата дополнително ќе го разгледа случајот по што доколку одлучи дека Србинот со овој потег го прекршил кодексот на однесување може да добие суспензија од неколку натпревари.

Се вчитува...