Јокиќ за одлуката да не игра за Србија: Повторно би го направил истото…

Кошаркарската репрезентација на Србија изминатото лето не успеа да се обезбеди учество на олимпискиот турнир во Токио, откако за квалификацискиот турнир не можеше да смета на најголемите свои ѕвезди, меѓу кои и Никола Јокиќ.

Најкорисниот играч од регуларниот дел во НБА лигата пред почетокот на олимпискиот квалификациски турнир донесе одлука да не настапува за својата селекција, што наиде на осуда од Србија. Но, Јокиќ во изјава за американските медиуми сега повторно стои на својата одлука.

„Донесов таква одлука. Дали е добра или не, се држам до неа. Повторно истото би го направил“ – вели Јокиќ, кој, пак, на прашањето што е најинтересното што му се случи во паузата меѓу двете сезони ќе рече:

„Мене и на мојата сопруга наскоро ни доаѓа бебе и тоа е најважната работа во мојот живот“.

Се вчитува...