Јокиќ започна со дабл-дабл против вицешампионот, Браун броеше до 46 поени во драмата во Њујорк

Денвер стигна до победа во првиот натпревар од новата сезона во НБА лигата откако славеше над минатогодишниот финалист Феникс со 98-110. Предводник на составот од Колорадо беше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 27 поени и 13 скока на кои додаде и две асистенции.

Него го следеше Вил Бартон со 20 поени, 6 скока и 5 асистенции, додека кај домаќинот прво име беше Бриџис со 16 поени и 5 скока, 15 поени и 10 асистенции додаде Крис Пол, додека Букер мечот го заврши со 12 поени и 4 скока.

Маестрална партија одигра Џејлин Браун кој во поразот на Бостон од Њујорк по две продолженја (138-134) постигна 46 поени на кои даде и 9 скока и 6 асистенции. Него го следеше Џејсон Тејтум со 20 поени и 11 скока. Кај Њујорк Џулиус Рендл постигна 35 поени на кои додаде и 9 асистенции и 8 скока, а 32 поени и 6 асистенции забележа и Фурние.

Боган Богдановиќ беше предводник на Јута во победата над Оклахома со 107-86. Хрватскиот репрезентативец постигна 22 поени на кои додаде и 4 скока. Руди Гоберт забележа дабл-дабл од 16 поени и 21 скок, а Шеи Гилгиус-Александер постигна 18 поени за гостите.

Во останатите натпревари Шарлот славеше со 123-122 против Индијана, Чикаго со 88-94 над Детроит, Вашингтон со 98-83 над Торонто, Мемфис го доби дуелот со Кливленд со 132-121, Минесота беше подобра од Хјустон со 124-106, Филаделфија славеше со 117-97 над Њу Орлеанс. Сан Антонио беше подобар од Орландо (123-97), а Сакраменто стигна до гостинска победа над Портланд од 121-124.

Се вчитува...