Јокиќ: Знам дека не требаше да го удрам, но не можев да се правам дека ништо не се случило

Никола Јокиќ е главна вест во кошаркарската јавност, но не поради одличното издание на српскиот центар против Мајами, туку поради големиот инцидент кога Јокиќ реши да влезе во физички контакт со противничкиот кошаркар Маркиф Морис.

Морис намерно грубо стартуваше врз Јокиќ при еден негов обид за тројка од половина на теренот, по што Србинот ги загуби нервите и жестоко го турна зад грб провокаторот. Морис остана да лежи како покосен, а на крајот судиите решија да ги исклучат двајцата кошаркари.

„Реагирав лошо, знам дека не требаше да го сторам тоа. Беше глупав потег од моја страна, но она што тој го стори беше груб фаул, морав да се заштитам. Ме удри и помислив дека е преостар старт. Морав да се заштитам, не можев да премолчам и да се правам дека ништо не се случило“, изјави Јокиќ по натпреварот.

Се вчитува...