Јончевски: Бевме подготвени за Норвежаните, не смееме да се опуштиме до крајот

Македонската кошаркарска репрезентација со победата од 58-36 над Норвешка се најде на добар пат да стигне до првото место во групата од претквалификациите за Евробаскетот 2025. Избраниците на Јончевски денеска беа на врвот на задачата во одбрана во која го лимитираа противикот под 40 постигнати поени, без постигнати поени од нивното најдобро оружје – обидите зад линијата 6,75.

Селекторот по мечот не го криеше задоволството од тимската победа, но напомена дека работата не е завршена и мора со истиот пристап да се искочи на теренот против следниот противник – Данска.

 

Се вчитува...