Јончевски избра за Данска: Пандев ќе дебитира за Македонија, Миловановиќ остана дома

Селекторот Алек Јончевски го објави списокот на кошаркари кои ќе патуваат утре за Данска, за премиерниот меч од претквалификациите за Евробаскет 2025.

Бобан Стајиќ поради ситна повреда нема да биде во комбинација за настап против Данците, од списокот отпадна и младинскиот репрезентативец Миловановиќ, а во ситуација кога во националниот тим имаме сериозен недостиг на високи кошаркари Јончевски реши да му даде шанса за деби на Димитар Пандев.

На списокот на новиот селектор за патувањето и мечот во Данска се најдоа: Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Теодор Симиќ, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Јакимовски, Виктор Ефремовски и Димитар Пандев.

Се вчитува...