Јончевски: Очекувам полна сала на „Кале“ и победа над Словачка

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва на домашен терен ќе ја пречека Словачка во вториот натпревар од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Александар Јончевски пред мечот вели дека се надева дека ќе го искористиме сиот овој позитивен момент кој ни го донесоа случувањата во текот на оние 40.минути на гостинскиот терен во Данска.

„Најпрво, се надевам дека ќе ја потврдиме победата од Данска. Имаме добра почетна позиција, триумф на гости, и тоа како значи во ситуација кога од четири екипи само една оди понатаму. На триумфот во Нествед ќе гледаме како позитивен елан да одиграме добро против Словачка во следниот дуел. Со следниот противник, пред година дена имавме еден двомеч. На првиот победивме со висока, на вториот загубивме со висока разлика. Ќе зависи многу од мотивацијата на играчите, се надевам дека победата од Данска ќе ги мотивира уште повеќе моите кошаркари да бидат уште подобри од претходно“, вели Јончевски. 

Што се однесува за следниот ривал во групата „Д“, тукa и нема премногу непознати.

„Скаутингот за Словачка е веќе одработен, бидејќи имавме доста време по пат за да работиме на тоа. Шансата за триумф ќе ја бараме каде што ја најдовме со Данска. Во тимска игра, тимска одбрана, спроведување на системот од претходните три недели. Таа стартна победа беше награда за момците за се, се надевам дека ќе добиеме поддршка од публиката во Кале, очекувам да дојде во поголем број и да им даде поддршка на момците и стручниот штаб во обидот да ја потврдиме победата од Данска“, заврши Јончевски. 

Натпреварот кој ќе се игра во СРЦ „Кале“ е закажан со почеток во 19 часот.

Се вчитува...