Јоновски се враќа, Митревски наместо Даскаловски

Ацо Јоновски се враќа во составот на македонската ракометна репрезентација за вечерашниот дуел против Чешка, последен во квалификациите за ЕП 2018. Селекторот Раул Гонзалес го повика искусниот одбранбен играч на местото на младиот Мартин Велковски.

По неколкумесечна пауза, Јоновски одново ќе го облече репрезентативниот дрес и ќе се обиде да и помогне на македонската репрезентација да избори пласман на ЕП 2018 во Хрватска. Искуството на Јоновски ќе биде драгоцено во одбраната, посебно во ситуација кога Раул Гонзалес не може да смета на повредениот Велко Марковски.

Во однос на составот што играше на претходниот натпревар со Украина, измена има и на голманската позција. На местото на Златко Даскаловски, во составот се враќа Никола Митревски кој ќе го брани голот во тандем со Борко Ристовски.

Македонија во дуелот со Чешка ќе настапи во следниот состав: Георгиевски, Јоновски, Кузмановски, Ф.Лазаров, К.Лазаров, Манасков, Н.Маркоски, Миркуловски, Митков, Митревски, Ојлески, Пешевски, Поповски, Ристовски, Стоилов и Талески.

Натпреварот се игра во ВИП Арената „Борис Трајковски“ со почеток во 20.45 часот. Судии на мечот се Тиери Денц и Денис Ребе од Франција.

Се вчитува...