Јонуз нападнат со боксови и банани во Грција: „Првпат ми се случува вакво нешто во животот…“

Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз доживеал невидена непријатност по натпреварот на грчкиот второлигаш Аигиниакос против Иродотос.

По мечот кој заврши со пораз на тимот на Јонуз од 0-1, македонскиот тренер, како што самиот истакна на прес-конференцијата по натпреварот, бил нападнат со боксови и банани од противничките фудбалери.

„Ова за првпат ми се случува во мојата кариера и како фудбалер и како тренер. По натпреварот се движев кон соблекувалните и им пристапив на противничките фудбалери да им честитам на победата. Но, неочекувано од еден од нив бев удрен со бокс, а потоа фрлаа и со банани кон мене. Не знам дали ова е запишано во официјалниот записник од страна на службените лица, но ова е целокупната вистина и не сакам ништо повеќе да зборувам на оваа тема“ – изјави Јонуз на прес-конференцијата по натпреварот.

 

Се вчитува...