Јорданчо Давитков, нов тренер на Пеќ

Поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков е нов тренер на екипата на Пеќ, објави косовскиот прволигаш.

Давитков долги години работеше во Кувајт, кратко време мина и во Обединетите Арапски Емирати, но искусниот 57-годишен стратег реши дека е време за враќање во татковината. Тој во изминатите месеци беше поврзуван со клубови од Македонија, за на крајот да ја прифати преселбата во Косово, во клубот каде пред неколку години прв тренер беше сегашниот македонски селектор Александар Тодоров.

Пеќ моментно се наоѓа на третото место во косовскиот шампионат, со скор од девет победи и пет порази, два порази повеќе од лидерот Раховеци.

Се вчитува...