„Јорганџиите“ го слават Мората: Со гол во 94. минута Атлетико Мадрид славеше кај Гирона

Атлетико Мадрид стигна до втората победа во низа во шпанското првенство откако во 25. коло славеше на гостувањето кај Гирона со 0-1 благодарение на голот на Алваро Мората во 94. минута.

По корнерот и одбиената топка во судиското продолжение Шпанецот се најде на вистинско место во вистинско време и искусно ја протна топката во противничкиот гол.

Се вчитува...