Јошко Гвардиол летово го напушта Манчестер сити?

Лотар Матеус откри интересни детали поврзани со можен трансфер на Јошко Гвардиола и тврди дека Баерн Минхен веќе ги презема првите чекори за доведување на хрватскиот репрезентативец.

Познатиот германски фудбалер и поранешен капитен на Баерн зборуваше за Гвардиола по победата на минхенскиот тим против Келн и освојувањето на титулата во Бундеслигата.

„Имам еден играч на ум и веќе имам информации дека Баерн го направил првиот чекор кон неговото доведување. Станува збор за поранешен играч на Лајпциг кој денеска игра за Манчестер сити – Јошко Гвардиола“, изјави Матеус.

Гвардиол е меѓу најценетите одбранбени играчи во Европа долго време, а Баерн го следи уште од времето кога играше за РБ Лајпциг. Сепак, во 2023 година, хрватскиот дефанзивец одлучи да се пресели во Манчестер Сити, кој издвои околу 90 милиони евра за неговиот трансфер, што го прави еден од најскапо платените дефанзивци во историјата на фудбалот.

Се вчитува...