Јотовски го заврши настапот на турнирот во Хамамет

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовки на ИТФ фјучерс турнирот во Хамамет, стигна само до 2.коло.

Во мечот што траеше еден час и 20 минути, подобар од Јотовски беше третиот носител на турнирот, Маријано Кастелбоим, во два сета со 6-2, 6-1.

Македонскиот тенисер го заврши настапот и во конкуренција на двојки откако тој и неговиот партнер Дује Кекз го предадоа четвртфиналниот дуел против првите носители Ернан Касанова и Томас Липовшек.

Се вчитува...