Јотовски остана без финале на турнирот во Грузија

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Грузија.

Јотовски во полуфиналната пресметка загуби од рускиот тенисер Кирил Киватсев во два сета, со 2-6,3-6.

Македонскиот тенисер не успеа да го повтори успехот од претходниот фјучерс во Грузија минатата недела, на кој триумфираше.

Се вчитува...