Јотовски со победа стартуваше на вториот турнир во Анталија

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски со победа стартуваше на вториот турнир од ИТФ фјучерс серијата во Анталија, Турција, вреден 15.000 долари.

Јотовски, кој е шестти носител на турнирот, во првото коло убедливо славеше против Турчинот Ерги Киркин со 6-4,6-2.

Во следното коло македонскиот тенисер ќе игра против Словенецот Ник Разборшек.

Се вчитува...