Јованка Радичевиќ – знаменосец на Црна Гора на ОИ

Долгогодишната ракометарка на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ, ќе биде еден од знаменосците на Црна Гора на свеченото отворање на ОИ во Токио.

Црногорците почнуваат со нова традиција од овие ОИ, знаменосци да бидат заедно еден спортист и една спортистка, па покрај Радичевиќ знамето на оваа земја ќе го носи и капитенот на ватерполо-репрезентацијата Драшко Бргуљан.

„Олимписките Игри во Токио означуваат почеток на нов традиција, што со задоволство ја поддржа и Црногорскиот Олимписки комитет. Од овогодинешните игри, нашата спортска делегација на церемонијата на отворањето на ОИ ќе ја предводат машки и женски знаменосец. Долгогодишната ракометна репрезентативка ќе ја има често да ја предводи нашата делегација заедно со извонредниот ватерполист“, објави Црногорскиот Олимписки Комитет.

Се вчитува...