Јовановски: Мечот во Кратово за нас е од круцијално значење

Фудбалскиот шампионат влегува во завршна фаза, а фокусот е ставен на битките за излез во Европа и за опстанок во елитата. Утре во Кратово ќе се случи една од круцијалните пресметки меѓу Силекс и Работнички, директен дуел во борба за третото место на табелата.

„Романтичарите“ имаат два бода предност пред кратовскиот прволигаш во пресрет на утрешното претпоследно коло.

„Сите во клубот сме свесни од какво значење е утрешниот натпревар во Кратово. Преостануваат завршните два испити и мораме да ги положиме. Фокусирани сме максимално на утрешниот предизвик, Силекс е квалитетен тим и ќе треба да одиграме на врвно ниво, за да ја оствариме нашата цел. Верувам во фудбалерите, тие и досега докажаа дека знаат да одиграат најдобро кога е најпотребно иако на своите плеќи имаат голем притисок. Но, Работнички сака да ја оствари својата цел и сите планови се подредени на нејзино остварување“, истакна шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...