Јовчевски: Не очекува најважниот натпревар во сезоната

Фудбалерот на Пелистер Андреј Јовчевски со свое видување пред пресрет на денешниот натпревар против Македонија ЃП, кој може да биде од клучно значење за текот на сезоната.

„Нè очекува тежок натпревар, многу важен за нас – можеби и најважниот во сезоната. Знаеме со каков противник имаме работа и имаме максимален респект кон екипата на ФК Македонија Ѓорче Петров, меѓутоа ние имаме свои зацртани цели. Ги повикувам сите навивачи и целата јавност утре да дојдат, да ни дадат поддршка од трибините и заедно да славиме нова победа“, изјави Јовчевски. 

Натпреварот помеѓу ФК Пелистер и ФК Македонија Ѓорче Петров ќе се одигра денеска со почеток од 15 часот на стадионот Стадион Петар Милошевски во Битола.

Се вчитува...