Јовиќ го лажел Реал: Не се повредил на тренинг, туку паднал од ѕид – едвај останувајќи жив…

Кариерата на Лука Јовиќ во Реал Мадрид не може да почне полошо. Разочара со игрите во кралскиот клуб, а играше едвај само 16% од вкупната можна минутажа. А, нема да игра ниту по крајот на пандемијата на коронавирусот затоа што ја скрши коската на петата од десната нога.

Официјално, се повредил додека тренирал дома, но српските медиуми тврдат дека Јовиќ ја сокрил вистинската причина за повредата. Наводно, паднал од ѕидот во куќата во која престојува во Белград.

„Едвај остана жив. Падна од еден висок ѕид, не знам како да објаснам, а не ми е ни јасно како успеа во тоа. Главно, се беше случајно но среќа што остана жив“ – вели извор близок на семејството Јовиќ, сведок на несаканиот настан.

И доктори од Мадрид сомнително гледаат на информацијата дека се повредил тренирајќи…

„Коската која ја скршил ја поддржува целата тежина на телото и прилично е отпорна на надворешни сили. Таа коска може да се скрши само како последица на тешка, насилна траума или пад од голема висина“ – вели доктор од лекарскиот тим на Атлетико, Хозе Гонзалес.

Како и да е, според проценките Јовиќ го чека пауза од цели два месеци.

Шпанските медиуми тврдат дека и Реал Мадрид разбрал дека Јовиќ лажел за начинот на кој се повредил, и поради тоа се крајно лути.

„Ве молам да ме разберете, не смеам ништо да зборувам. Од клубот дојде строга наредба никој, па ниту Лука, да не зборува ништо“ – изјави таткото на Лука, Милан Јовиќ за српски „Курир“.

Се вчитува...