Јовиќ ја одби Барса, не сака во клуб каде нема да игра

Лука Јовиќ нема да ја продолжи кариерата во Барселона бидејќи не верува дека таму ќе добива доволно шанси за да ги покаже своите фудбалски квалитети. Таткото на голгетерот, Милан Јовиќ, во изјава за весникот „Билд“ јасно стави до знаење дека асот на Ајнтрахт не планира да ја прифати богатата понуда од каталонскиот гигант.

„Јасно е дека има многу понуди, веќе многу се пишуваше за онаа од Барселона. Сепак, вистината е дека тој не сака во Барселона, не верува дека ќе добие минутажа за да продолжи да се развива како фудбалер. Негова желба е да игра во ЛШ, но како член на Ајнтрахт. Сепак, за иднината ќе разговараме поконкретно откако ќе заврши сезонава“ – изјави Милан Јовиќ за „Билд“.

Реал Мадрид исто така покажува интерес за Јовиќ, исто како и Баерн Минхен, Интер и Борусија Дортмунд.

Се вчитува...