Јовиќ се сели во Неапол, Фабијан Руиз ќе стане „крал“

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ откако не успеа да се наметне во дресот на Реал Мадрид, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Наполи. Напаѓачот дојде од Ајнтрахт Франкфурт како алтернатива за Карим Бензема, но апсолутно разочара, па ќе мора да побара нова средина за докажување. Наполи бара ново име во нападот и би бил идеално решение за Џенаро Гатузо.

Но, во спротивна насока ќе треба да замине шпанскиот репрезентативец Фабијан Руиз. Тој дојде од Бетис за 30 милиони евра, а по одличните игри во дресот на „наполитанците“ би можел да се врати во Ла Лига, и тоа во Реал Мадрид, за двојно поголема сума. Всушност, двата клуба се надеваат на комплетна размена на фудбалерите во летниот преоден рок.

Се вчитува...