Јовица Симовски го предизвикува Петар Јовановски на Изборното собрание на ОФМ

Поранешниот македонски репрезентативец, Јовица Симовски ќе биде кандидат за претседател на утрешното изборно собрание на Одбојакрската федерација на Македонија. Тој е предлог на неговиот матиечн клуб, ОК Вардар. симовски ќе го предизвика актуелниот претседател, Петар Јовановски кој ќе бара нов мадат. Јованоски на претседателската позиција е повеќе од една деценија.

Клубот денеска, на последниот термин определен за поднесување на кандидатурите ја испрати апликацијата со името на Симовски. Утре напладне во хотелот „Оаза“ во Штип е закажано собранието на кое македонската одбојка ќе го задржи истиот или ќе добие нов курс и насока во работењето.

Се вчитува...