Јуфо: Победата ни е императив против Македонија ЃП

Шкендија има шест бода негатива во однос на лидерот Вардар, но се уште се надева дека може да излезе како победник во трката за шампионската титула. А доколку тоа навистина сака да го реализира, тогаш не смее никако да си дозволи „киксови“ на домашен терен на дуелите со ’помалите екипи“. Најтешки се мечевите во кои бодовите како однапред да се освоени, а Бразилецот Виктор Нилдо Јуфо вели дека најважна ќе биде концентрацијата а фудбалерите на Шкендија.

„Победата е наш императив на мечот против Македонија ЃП, тоа не е никаква тајна. Посакуваме три бода за продолжување на трката за шампионската титула. Но, мораме да останеме фокусирани и да бидеме максимално концентрирани во текот на мечот. Квалитетот е на наша страна, но ќе треба тоа да го докажеме и на теренот. Верувам дека навивачите ќе дојдат во голем број и дека ќе ни ја дадат неопходната поддршка. Со нив во позадина, секогаш ни е полесно да ја оствариме целта“, порачува Виктор Нилдо Јуфо.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 24. КОЛО (15 ЧАСОТ)

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР

СИЛЕКС – РЕНОВА 

Се вчитува...