Јунајтед без Мхитаријан во куп-финалето

Манчестер јунајтед со две победи се пласираше во осминафиналето од Лигата на Европа, но „црвените ѓаволи“ скапо го платија денешниот триумф над Сент Етјен, со повредата што ја заработи Хенрик Мхитаријан. Ерменецот го постигна победничкиот погодок, но потоа заработи повреда на мускулот поради која мораше да биде заменет.

Повредата доаѓа во најлош момент, на само четири дена пред финалето од Лига-купот на Англија против Саутемптон, натпревар што Мхитаријан речиси сигурно ќе го пропушти.

Не знам за што точно станува збор, но реално гледано шансите за негов настап се сведени на теорија. Разочарани сме, но овие повреди секогаш значат и шанса за некој друг фудбалер да ги покаже своите квалитети“ – изјави Мурињо.

Повреда на денешниот натпревар заработи и Мајкл Карик, кој исто така најверојатно нема да настапи на неделниот дуел со Саутемптон на „Вембли“.

Се вчитува...