Јунајтед добро почна, но му се случи фијаско

Манчестер Јунајтед прими уште еден удар во битката за место во ЛШ откако тимот на Оле Гунар Солскјер загуби со 2-1 на гостувањето против Вулверхемптон. „Ѓаволите“ имаат за што да жалат бидејќи одлично почнаа и со голот на Мектоминеј стигнаа до водство, но потоа им се случи фијаско и самите му ја подарија победата на домаќинот.

Пред крајот на првото полувреме Фред катастрофално прими топка на сопствената половина, по што „волците“ казнија и преку Јота го израмнија резултатот. Во вториот дел Јунајтед најпрвин остана со играч помалку по заслужениот црвен картон на Ешли Јанг, a дното на мечот беше допрено кога Смолинг со автогол им ги подари трите бода на домашните фудбалери.

Ватфорд во вториот вечерашен натпревар го декласираше Фулам со 4-1. Дукур им донесе предност на домаќините, Бабел израмни за Фулам, за во вториот дел Ватфорд да постигне уште три погодоци преку Хјуз, Дини и Кико.

Се вчитува...