Јунајтед го купува Перишиќ за 52 милиони евра

Манчестер јунајтед и Интер постигнале согласност за транферот на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ на „Олд трафорд“, открива италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“. Англискиот премиерлишаш ќе му плати на Интер сума од 52 милиони евра за Хрватот и со него ќе потпише четиригодишен договор. Оваа сума „нероаѕурите“ потоа ќе ја инвестираат во ангажман на Анхел Ди Марија од ПСЖ, или пак Хамес Родригез од Реал Мадрид.

Перишиќ веќе ги има договорено личните услови со Манчестер јунајтед. Тој годишно ќе заработува по 7 милиони евра, и за првпат ќе го почувствува предизвикот на Премиер – лигата. Тој беше една од големите желби на Жозе Мурињо во пресрет на летниот преоден рок. Ова значи дека најверојатно Антони Марсијал ќе го напушти Манчестер јунајтед.

По забраната на Атлетико Мадрид да продава фудбалери ова лето, Антоан Гризман дефинитивно отпаѓа од опциите на Мурињо, но затоа тој размислува за ангажман на напаѓачот на Лион, Александре Лаказет.

Се вчитува...