Јунајтед го освои Милано: „Црвените ѓаволи“ во четвртфиналето на Лига Европа (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го елиминираше Милан во осминафиналето од Лигата на Европа триумфирајќи во Милано со доволни 0-1 за пласман во четвртфиналето.

По првите 1-1 од Манчестер, „црвените ѓаволи“ сега на гостински терен дојдоа до посакуваната победа благодарение на голот на Погба во 49. минута.

Шокантна елиминација доживеа и Глазгов Ренџерс кој на домашен терен загуби со 0-2 од Славија Прага, и покрај тоа што од првиот натпревар во Прага извлече 1-1.

Ајакс, пак, славеше и втора победа над Јанг бојс, сега гостинска со 0-2, за убедлив пласман во четвртфиналето од второто најквалитетно европско клупско натпреварување.

И Виљареал запиша и втора победа над Динамо Киев, повторно идентична од 2-0 како и на првиот натпревар во Киев.

Се вчитува...