Јунајтед и Арсенал по потписот на играч на Барселона

Два англиски тима се заинтересирани за услугите на стоперот на Барселона, Роналдо Араухо. Интерес кон 23-годишниот дефанзивец покажуваат Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Манчестер Јунајтед е во нешто подобра позиција, и му дава 8 милиони евра плата годишно, додека Арсенал шест.

Араухо би можел да биде ставен на листата на заминувања од Барселона, особено што на „Ноу Камп“ на лето треба да пристигне Андрес Кристенсен од Челси, а можеби и Антонио Рудигер од истиот тим.

Се вчитува...