Англискиот гигант Манчестер јунајтед денеска и официјално го потврди тоа што веќе беше познато некое време, а тоа е дека Мајкл Керик ќе го води тимот во новата сезона во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.
Керик на клупата на „црвените-ѓаволи“ дојде како наследник на Рубен Аморим во период кога тимот се наоѓаше во катастрофална форма и повторно беше во знак прашалник настапот во Лигата на шампионите.
Откако е на клупата на Јунајтед, тимот има најдобар учинок во Премиерлигата, па тоа е и повеќе од доволно легендарниот тренер на клубот да добие поголема шанса.
„Од моментот кога пристигнав тука пред 20 години, ја почувствував магијата на Манчестер Јунајтед. Носењето одговорност да го водам нашиот посебен фудбалски клуб ме исполнува со огромна гордост. Во текот на изминатите пет месеци, оваа група играчи покажа дека можат да ги достигнат стандардите за отпорност, заедништво и решителност што ги бараме тука. Сега е време повторно да продолжиме заедно напред, со амбиција и јасно чувство за цел. Манчестер Јунајтед и нашите неверојатни навивачи заслужуваат повторно да се борат за најголемите почести“, изјави Керик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
