Шпанскиот репрезентативец Саул Нигез од Атлетико Мадрид е најголемата желба на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, за летниот преоден рок. Медиумите на Островот објавија дека раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да плати огромни 135 милиони фунти во овој период на гловална финансиска криза предизвикана од коронавирусот за да го го доведе Саул Нигез на „Олд Трафорд“.
Повеќе од јасно е дека Манчестер Јунајтед ќе го продаде Пол Погба, а токму Саул Нигез заедно со Бруно Фернандеш треба да биде главен актер во средниот ред на составот на Солскјер.
Шпанецот има долгорочен договор со Атлетико Мадрид до 2026 година, но Манчестер Јунајтед верува дека ќе успее да го убеди да се пресели во Премиер-лигата. Тој одигра 37 натпревари за шпанскиот тим оваа сезона и постигна четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА