Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Мејну, потпиша нов договор со трофејниот клуб.
Новиот договор ќе го врзе младиот 21-годишен играч од средниот ред со тимот од „Олд трафорд“ до 2031 година. Овој потпис беше обезбеден практично во последен момент, бидејќи тој ќе влезе во последната година од тековниот договор.
Момчето кое порасна во младинската академија на „црвените ѓаволи“ го имаше своето деби за првиот тим во Лига купот во 2023 година. Го донесе тренерот Ерик тен Хаг, но дури под водство на Мајкл Керик доби целосна доверба.
Оваа сезона, во 26 натпревари, тој одигра 1.446 минути и запиша три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

