Јунајтед ќе носи плејмејкер од Саудиска Арабија?

Манчестер Јунајтед игра променливо и оваа премиерлигашка сезона, а Рубен Аморим јасно ставил до знаење кај челниците на клубот дека му се неопходни засилувања во јануарскиот преоден рок. Последните информации говорат дека Аморим бара плејмејкер што би настапувал крај Бруно Фернандеш, а „црвените ѓаволи“ се подготвени да тргнат на шопинг во Саудиска Арабија.

Португалскиот интернационалец Жоао Невеш е асот кој се наоѓа на врвот на листата со желби на гигантот од „Олд Трафорд“, име што експресно било одобрено и од страна на Аморим.

Португалецот настапуваше во Премиер-лигата со успех носејќи го дресот на Вулверхемптон, од каде беше продаден во Ал Хилал во 2023 година за сума од 47 милиони фунти. Договор на Невеш со овој клуб истекува на крајот од сезонава, тој веќе стави до знаење дека не планира да го продолжи, па Ал Хилал ќе настојува да го продаде во јануари за 20 милиони фунти, се со цел тој да не замине без никаква отштета следното лето.

Се вчитува...