Јунајтед на шопинг во Амстердам: „Олд Трафорд“ добива играч по мерка!?

Речиси сите англиски гиганти се засилија барем со по една суперѕвезда, па во оваа насока се движи и Манчестер Јунатед кој е пред договор со првото засилување од Амстердам.

Станува збор за бразилскиот интернационалец од редовите на Ајакс, Ентони Матеус чиј трансфер треба да изнесува 40 милиони фунти. Се разбира дека на него инсистира Ерик Тен Хаг кој имаше одлична соработка во деновите во клубот од Амстердам и од него очекува да ги повтори игрите.

Eнтони има 22 години, игра на крилната позиција, а последната сезона во Ајакс постигна 12 гола и 10 асистенции на 33 одиграни натпревари. Тој би требало да биде првото од планираните пет засилувања во летниот преоден рок за кои се планирани околу 200 милиони фунти.

Кога пристигна веста дека стратегот го напушта Ајакс и се сели во Манчестер јунајтед, Бразилецот му укаѓа дека ќе биде тука секогаш за него.

„Ти благодарам за се што ме научи. Ако некогаш ти затребам, знај дека ќе бидам покрај тебе“, изјави Матеус.

Се вчитува...