Јунајтед нема да го казнува Роналдо

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, нема да биде казнет поради тоа што отсуствува од турнејата на Манчестер Јунајтед. Португалецот наводно побарал од челниците на клубот да не доаѓа на подготовките, поради фамилијарни причини.

Клубот му излезе во пресрет, а Роналдо не само што отсуствуваше првата недела од подготовките, туку не отпатува со тимот на турнејата во Азија и во Австралија.

Тоа повлече прашање дали тимот ќе го казни, со оглед дека ѕвездата на светскиот фудбал го прекршил договорот дека мора да оди на турнеи со екипата. Се верува дека неговото отсуство ќе го намали приходот од продадени билети од оваа турнеја.

Веројатно Манчестер Јунајтед ќе се одлучи да нема никакви санкции за Португалецот, кој и покрај се, најверојатно ќе остане дел од тимот на Јунајтед и следната сезона.

Се вчитува...