Јунајтед објави: Ериксен е „црвен ѓавол“

Кристијан Ериксен од денеска и официјално е нов член на Манчестер Јунајтед, објави најтрофејниот англиски клуб на својата официјална веб-страница.

„Црвените ѓаволи“ долго време се интересираа за одличниот плејмејкер, за на крајот да биде постигнат договор – Данецот пристигнува на „Олд Трафорд“ како слободен играч по истекот на договорот со Брентфорд и потпиша тригодишен договор со Јунајтед.

„Сите знаеме дека Манчестер Јунајтед е специјален клуб, едвај чекам да почнам со тренинзи и натпревари. Сум имал можност да играм многу натпревари на „Олд Трафорд“, но да го правам тоа носејќи го црвениот дрес на Јунајтед, не се сомневам дека чувството ќе биде фантастично“, изјави Ериксен, кој досега има одиграно 237 средби во Премиер-лигата, бележејќи 52 гола и 71 асистенција.

Следен на листата на желби на Тен Хаг е дефанзивецот Лисандро Мартинез, кој се наоѓа пред потпис од Ајакс за сума од 50 милиони евра.

Се вчитува...