Јунајтед одлучи: Кој го сака Погба ќе мора да плати 80 милиони евра

Манчестер јунајтед ја одреди цената за ослободување на Пол Погба. Според информациите од Островот, „црвените ѓаволи“ за продажба на Погба ќе бараат околу 80 милиони евра, без разлика на тоа што договорот му завршува следното лето.

Се спомнува дури и можност за размена меѓу клубови, според која Погба би се вратил во Торино, а Кристијано Роналдо во Манчестер, каде и ја почна успешната кариера.

Французинот трпеше многу критики изминатава сезона на „Олд Трафорд“, додека со Јувентус во периодот од 2012 до 2016 година освои четири шампионски титули во Серија А.

Се вчитува...