Јунајтед по продолженија го елиминира Норич во ФА купот

Манчестер Јунајтед по продолженија успеа да се пласира во полуфиналето на ФА купот на Англија откако го совлада Норич на гостински терен со 1-2. Дефанзивецот Хари Мегваер во 118.минута го постигна победничкиот гол за „црвените ѓаволи“.

Одион Игало го доведе Манчестер Јунајтед во водство во 51.минута, но Норич не се предаде лесно и успеа да возврати. Во 75.минута Тод Кантвел постигна израмнувачки погодок за домаќинот. Домаќинот на крајот од регуларниот тек остана со играч помалку поради исклучувањето на Тим Клосе, а составот на Оле Гунар Солскјер тоа го искористи во последните мигови од продолженијата.

Се вчитува...