Јунајтед подготви 75 милиони евра за стоперот на Лестер

Иако минатата година го продолжи договорот со Лестер до јуни 2023 година, англискиот репрезентативец Хери Мегвајар ова лето се очекува да се пресели во редовите на Манчестер јунајтед за трансфер вреден 75 милиони евра.

Според пишувањата на дел од англиските медиуми, Мегвајар се сели во Јунајтед за плата од осум милиони евра, што е двојно повеќе во однос на актуелната негова сегашна заработувачка во Лестер.

Доколку се реализира трансферот, би бил еден од највисоките кога е дефанзивец во прашање. Рекордот и натаму го држи Холанѓанецот Вирџил Ван Дијк за кого Ливерпул на Саутемптон му плати 87 милиони евра.

Се вчитува...