Јунајтед повторно тргнува по потписот на Невеш

Ерик тен Хаг веќе го презеде кормилото на Манчестер јунајтед и веднаш почна да го крои тимот според неговите вкусови.

Веќе поголем дел од фудбалерите кои не покажаа ништо изминатите години се на излезна врата, а Холанѓанецот како и неговите претходници сака во тимот да го донесе Рубен Невесш од Вулверхемптон Вулвс.

Договорот на Невеш со Вулверхемптон е со важност до 2024 година, па тоа би можело да биде проблем бидејќи премиерлигашот ќе бара голема сума на пари за неговиот потпис. Доколку не успеат да го донесат Невес, „црвените-ѓаволи“ ќе тргнат по Жоао Палиња од Спортинг Лисабон.

Се вчитува...