„Јунајтед против Лестер треба да покаже дека е кандидат за титула“

Поранешниот англиски репрезентативец Пол Мерсон говореше околу потенцијалните шанси на Манчестер Јунајтед да се вмеша во борбата за титулата во Премиер-лигата. Тој смета дека со победа над Лестер на „боксингдеј“ тие ќе станат веќе легитимни претенденти за освојување на трофејот.

„Ако Јунајтед го победи Лестер тоа ќе биде далеку поголема закана за противниците од победата 6-2 над Лидс. Мислам дека доколку го победата Лестер луѓето ќе почнат повеќе да го насочуваат своето внимание кон Јунајтед. Мислам дека тогаш се веќе потенцијални кандидати за титула“, изјави Мерсон. 

Програмата за „боксинг-деј“ се отвора токму со мечот меѓу Лестер и Манчестер Јунајтед кој е закажан за 13:30 часот.

Се вчитува...