Јунајтед се спаси од пораз, па на крај се задоволи само со реми против Њукасл

Њукасл и Манчестер Јуанјтед вечерва ги поделија бодовите, откако во рамки на 19-то коло од Премиер лигата одиграа нерешено со резултат од 1-1.

Натпреварот го отвори Алан Сен Максимин уште во 7. минута, откако домаќините ја искористија грешката на повратникот Рафаел Варан, па успеаја да поведат и да донесат голема радост на присутните фанови. Фудбалерите на Јунајтед во првото полувреме речиси и да не составија со топката, па со резултат од 1-0 за Њукасл се замина на одмор.

Во вториот дел „црвените“ ѓаволи го засилија притисикот врз противникот, а ваквиот пристап на игра им донесе израмнување, стрелец на голот беше „џокерот“ од клупата Едисон Кавани, кој успеа да биде прецизен во 71. минута.

По ваквиот исход Јунајтед останува на седмата позиција со 28 освоени бодови, додека Њукасл и понатаму се наоѓа во зоната на испаѓање со 11 бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1475559631300829188/pu/vid/1280×720/cGpqwMt9YQzIDhkp.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1475581194251157510/pu/vid/1280×720/-N7Wt5eVKIUdGbYe.mp4?tag=12

Се вчитува...