Јунајтед со „петарда“ за Лидс го поздрави преполниот „Олд трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед на неверојатен начин со победа од 5-1 над Лидс ја почна новата сезона во Премиер-лигата. Главни актери во убедливиот триумф на „црвените-ѓаволи“ беа Пол Погба и Бруно Фернандеш. Французинот забележа четири асистенции со што стана првиот фудбалер на јунајтед на кого му успеало такво нешто, а вкупно седми во историјата на Премиер-лигата, додека Португалецот постигна хет-трик.

Во листата на стрелци за Јунајтед се запишаа и Мејсон Гринвуд и Фред. За Лидс единствениот погодок го постигна Лук Ејлинг.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...